БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ова се трите принципи врз основа на кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ја гради својата владина коалиција

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од почетокот на наредната недела ќе започнат разговорите за формирање на новото парламентарно мнозинство кое што ќе треба да ја избере новата влада на Република Македонија. За таа цел денеска на состанок на носителите на изборната кампања од највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ беа утврдени основните три принципи врз основа на кои ќе се водат разговорите за прифаќањето на коалициски партнери во новата владеачка гарнитура која ќе управува со владините институции во наредниот 4 годишен мандат.

“Претпладнево одржав состанок на кој ги поставивме контурите на рамката врз која ќе го градиме коалицискиот потенцијал со останатите партии и каде фокусот ќе бидат луѓето на прво место.

1. Економски силна држава, преку реформи и чекори кој ќе бидат жестока битка за повисок животен стандард.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

2. Фронт против криминалот и корупцијата и постигнување на правда.

3. Реализација на стратешкиот интерес за европски интеграции, преку дијалог и исполнување на принципи.

Очекувањата се големи, и одговорноста кон народот уште поголема.

Македонија ќе биде повторно твоја!”

-напиша на социјалните мрежи Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој се очекува да биде новиот мандатар за формирање на влада.

Креирано од:


Пренеси го гласот