Се повеќе граѓани се јавуваат да пријават проблем со т.н. “брзи кредити”.
Се жалат на нетранспарентност, преголеми камати, промена на условите од договорот, закани и низа други проблеми.
Немаштијата си го прави своето. Граѓаните во животот “купи ден, продај ден” се принудени да се снаоѓаат, притоа не се свесни дека влегуваат и во ризици. Иако ова прашање е правно регулирано, сепак има многу недостатоци. А, впечатокот е дека никој не врши контрола над работењето на продавниците за пари.
Овој вид на “озаконето лихварство” треба или да се ограничи или да се стави под целосна контрола. Кога би имал можност да носам таков вид на одлуки, би го сторил тоа во рок од 24 часа.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!