Доброволното противпожарно друштво Кочани во саботата го одбележа својот први роденден од основањето.
Вчерашниот ден беше исполнет со целодневна програма меѓу која беше изведена показна вежба со поддршка на ОО Црвен Крст – Кочани, презентација на противпожарно возило и опремата на ДПД Кочани, настап на ОМУ „Ристо Јуруков“, музичко-забавна програма за најмладите жители на градот заедно со ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ и „Амичи“, како и музичка програма во остатокот на денот и вечерните часови со локални музички изведувачи.
Во склоп на одбележувањето на роденденот на ДПД Кочани, митрополитот Брегалнички, г. Иларион го освети домот на доброволното друштво кој се наоѓа во кругот на ТППЕ Кочани.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево