БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Со Македонска слива се брани Македонскиот индентитет од страна на Хрватска

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Годинешниот откуп на сината слива во Пијанечкиот регион кубури со пласман и со цени.

Сливарите од Делчевско- Пехчевскиот крај мака мачат со бербата на пијанечкото сино злато, кое што го има во големи количини оваа година, како резултат на поволните климатски услови.

Откупот на сината слива во голема мера не е регулиран, затвореноста на дел од традиционалните пазари како и општата криза во европски рамки си го направија своето а грижата на државата е зведена на ветена помош од интервентниот фонд на владата од 2 денари по килограм предадена слива на регистрирани откупувачи.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Цената оваа година стигна до 8 денари по килограм слива од кои што 4-5 денари по кг слива наплаќаат сезонските берачи, така што за сливопроизводителите остануваат 3-4 денари што е многу мала сума на пари која не ги задоволува производствените трошоци.

Покрупните сливопроизводители во регионот кои што имаат сопствени складишни капацитети се во поповолна состојба, но на нив пак недостигот на работна сила им создава проблеми.

На социјалните мрежи корисниците објавуваат фотографии од рафтовите од колеми европски маркети каде што се продава пијанечката слива, каде што цените за трпезната слива се драматично големи, за разлика од откупните цени за овоштарниците.

Ваквиот диспаланс на односите во секоторот на земјоделието е присутен во речиси сите производтсвени гранки, така што падот на производството е постојан во последните неколку години.

Помошта од државата е речиси незначителна и таа подобро и да ја нема! Наместо помошта од 2 денари по килограм подобро би било државата во рамки на една долгорочна стратегија да стимулира инвестиции на сретства во преработувачки капацитети кај домашните претприемачи со што ќе се зголеми додадената вредност на земјоделскиот производ, Промоција и подобрување на на пазарот на понуда и побарувачка преку регионални берзи, каде што земјоделците и трговците на најтранспарентен начин ќе можат да креираат сопствени цени за откуп на производството е исто така сегмент каде што државата треба да посвети уште поголемо внимание за развој.

Постојниот систем на субвенции во земјоделието е и тоа како потребен, но уште попотребно е државата да го планира производството, откупот и пласманот со што ќе се формира целосно заокружен процес за развој на земјоделието.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace