Предметот кој што толку спектакуларно беше пропагиран во јавноста од провладините мегафони во изминатите повеќе месеци т.н. Делчевски ниви е запрен по наредба на Основното Јавно Обвинителство во Скопје! Според образложението на кривичната пријава, исказите на сведоците, исказите на осомничените, како и сите обезбедени материјални докази во текот на истражната постапка од јавното обвинителство констатирале дека не произлегле ниту материјални, ниту вербални докази од истражната постапка со кои што не може да се потврди основано сомневање дека делата кои им се ставаат на товар на осомничените лица се кривични дела.

Врз основа на член 304 ст. 1 алинеја 4 од ЗКП Јавното обвинителство во Скопје донело наредба за запирање на постапката која што била спроведувана против 7 лица поради тоа што според образложението на наредбата “пријавените лица не превеле дејствија кои ги сочинуваат битијата на пријавените кривични дела.”
Случајот “Делчевски Ниви” повеќе од една година се пропагира во јавноста од страна на одредени провладини медиуми и поединци со инсинуации, манипулации и лаги поврзувајки ги осомничените лица со опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот Мицкоски со цел да предизвикаат штета на партијата и угледот и кредибилитетот на Претседателот на опозициската партија.
Со тоа овој балон од измами кој што беше пуштан во јавноста во одредени периоди од страна на овие медиумски трабанти се распрснана парчиња. Лагите со кои што сакаа одредени центри на моќ да предизвикаат политичка штета врз ВМРО-ДПМНЕ и дефокус наспроти сите штетни политики на владата на СДСМ и ДУИ сега јасно се негираат со аргументите на вистината.





Со ваквите медиумски лаги про-владините мегафони се обидуваа да ја дефокусираат јавноста од криминалот и штетните анти македонски политики на владата на СДСМ и ДУИ но вистината по оваа разврска на настаните и соочување со аргументите излезе на површина.
Дали сите оние кои што ваквите лаги ги користеа да нанесат политичка штета на ВМРО-ДПМНЕ сега откако излезе вистината во јавност ќе излезат и со исти мерки како што лажеа сега ќе се извинат на јавноста за тоа што манипулирале и лажеле?
Јавноста во Делчево во недостиг на вистинските аргументи во минатото повеќе од 15 месеци беше бомбардирана лагите и манипулациите од поединци кои што во суштина одработуваа за властите на СДСМ преку овој т.н. предмет “Делчевски Ниви” на штета на неколкумина поединци од Делчево на чиј терет се ставаа овие лаги и измами кои потекнаа во основа од локални функционери на СДСМ во Делчево.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Мицкоски: Целта на синдикатите не е покачување на платите, туку политичка пресметка
Кривична против Марко Бислимовски за Злоупотреба на службена положба и овластување
Божиновска: Соларната енергија е еден од клучните столбови на македонската енергетска транзиција