В петок, на 20 октомври, со почеток во 19 ч., во салата на Мултикултурниот центар во Кочани ќе се одржи 52. Државен фестивал на аматерски филм на Македонија.
Во организација на Кино сојузот на Македонија и Народна техника на Македонија пред кочанската публика ќе бидат прикажани аматерски филмови изработени на конкурсот за 52. ДФНФ во категориите: документарен, краток игран филм, експериментален, анимиран или едноминутен филм.
На настанот ќе бидат прогласени и наградени најдобрите аматерски филмски изработки во сите категории. Одлуката за најуспешните филмови ќе ја донесе жирито во состав: Мишо Нетков, Петре Чаповски и Јане Темелковски.
Во рамките на Фестивалот, в сабота, на 21 октомври, ќе се одржи Третата школа за непрофесионален филм „Стефан Сидовски Сидо“ на која наградените учесници и учениците од ОУ „Крсте Мисирков“ од Оризари ќе реализираат работилница за подготовка на кратки филмови.
Педесет и вториот Државен фестивал на аматерски филм на Македонија финансиски е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, а се реализира со поддршка од Општина Кочани.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Кочани донираше 3 милиони денари на Црвен крст – помош за настраданите во несреќата
ДЗР: ЈП „Исар“ Штип се соочува со финансиски и еколошки предизвици, поради што генерира со 60% загуба на вода, 25,2 милиони денари обврски и отсуство на дозволи
Во Делчево куче каснало малoлетничка, сопственикот на кучето заработи кривична пријава