Во соопштение упатено до јавноста од Државниот завод за ревизија на Република МАкедонија апелираат кон засегнатите страни дека може да предлагаат со свои барања за вршење на државна ревизија од страна на ДЗР за претстојната 2024 година.
“Имајќи во предвид дека Државниот завод за ревизија ги отпочна активностите за подготвување на Годишната програма за работа за 2024 година ги повикуваме и воедно охрабруваме сите засегнати страни да достават свои барања/предлози за субјекти и области за кои постои зголемен јавен интерес за вршење на државна ревизија и сметаат дека истите треба да бидат опфатени со Годишната програма за работа на ДЗР за 2024 година.
Одговорното, отчетното и транспарентното работење се темелните вредности на Државниот завод за ревизија, како Врховна ревизорска институција во државата.
Барањата/Предлозите можат да се достават во хартиена форма до Државниот завод за ревизија (ул. Павел Шатев бр. 2, Палата „Емануел Чучков“) или пак електронски на веб страната на ДЗР ( https://dzr.mk/contact/barane_za_revizija ), најдоцна до 15 ноември 2023 година.
За било какви дополнителни прашања во врска со можноста за поднесување на барања/предлози за вршење на ревизија, може да се обратите на следните електронски адреси:
Прес контакт:
Албиона Мустафа Мухаџири – albiona.mustafa@dzr.gov.mk
Мијалче Дургутов – mijalce.durgutov@dzr.gov.mk
Мартин Дувњак – martin.duvnjak@dzr.gov.mk“
-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на ПР службата на ДЗР.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод денешниот празник
Честитка од Социјалистичката партија на Македонија по повод 24 Мај Денот на Св. Кирил и Методиј
Министерството за здравство ја започна постапката за донесување на нова Стратегија за сексуално и репродуктивно здравје 2026–2030