БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градоначалникот на Делчево објавува па поништува огласи за вработување, алармираат од ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски објавил па поништил оглас за вработување во ТППЕ Делчево.

Ваквата постапка од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево ја карактеризираат како паника и хаос во редовите на локалните функционери на СДСМ Во Делчево пред претстојните парламентарни избори.

“АЛАРМ: Паника за доделување на решенија за вработување во администрацијата во Делчево на излажани делчевчани од страна на градоначалникот Горан Трајковски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Колку повеќе се ближат изборите толку поголем е паниката притисокот на сите излажани делчевчани за вработување во локалните институции од страна на локалната власт на СДСМ. Па во целата оваа какофонија градоначалникот Трајковски објавува и поништува огласи за вработување со што го оштетува буџетот на општината за платените огласи во дневните весници.

Јавно прашуваме дали ваквите грешки врз основа на кои се поништуваат огласите за вработување се намерни или ненамерни?!

Ова прашање е релевантно поради тоа што имаме предвид дека моменталниот секретар во општина Делчево е поранешната директорка на Центарот за вработување во Делчево, на која многу и се јасни работите околу огласите за да не се прават вакви грешки.

Градоначалниче Трајковски уште колку слободни места останаа за вработување во локалните институции за обезбедување на глас повеќе на претстојните избори?

Ваквата пракса мора да престане, за да овозможиме одржлив развој на општината!

СДСМ е брод кој тоне а вакви вработувања и лаги за вработување нема да бидат спас од казната што ја подготвуваат делчевчани!”

-стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево упатена преку социјалните мрежи.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace