Партизацијата на институциите на државата од страна на партиите во власта е рак рана на Македонското општество со децении наназад.
Последните неколку години со доаѓањето на СДСМ на чело во владата ваквиот тренд е уште поинтензивен до таа мера што сериозно се одразува негативно на севкупните состојби во државата.
Во услови на безидејност и немоќ за спроведување на проекти со кои што ќе ја придобијат поддршката од граѓаните, власта е свртена на институционален поткуп на граѓаните со нивно вработување за обезбедување на глас повеќе на избори.
Денеска за ваквата состојба во МВР своја реакција во јавноста упати пратеникот Драган Ковачки
“Еве го патот до успехот во МВР.
Шефицата на центарот за обука во Идризиво Сузана Трајковска е во првите редови на вчерашната трибина на СДС во Струмица.
Ако вака ги обучува и полицајците кои исто така се примаат по партиски клуч, тогаш јасна е каква иднина го чека и МВР, но и безбедносниот систем на Македонија.
МВР е целосно партизирано и на клучни позиции се наоѓаат клиентелисти. Сите тоа го гледаат и го знаат, но тоа не е пречка на Спасовски устата да му е полна со департизација, професионализација итн.
-реагираше Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ




СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија