Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

На прозивките од поранешни и сегашни функционери од СДСМ во Лозово, Градоначалникот Бошко Цветковски одговара со конкретни дела и проекти

Пренеси го гласот

На поединци во Лозово – поранешни и сегашни функционери на СДСМ на кои што не им одговара ефективниот учинок на локалната самоуправа, пред се мотивирани од политички причини, преку социјалните мрежи шират манипулации и лаги за работењето на актуелниот градоначалник Бошко Цветковски.

Ваквите писанија преку социјалните мрежи на овие поединци кои што се свесни за малата поддршка што ја имаат кај граѓаните од објава во објава се повеќе се одалечуваат од реалноста и запаѓаат во своевидни апсурдни состојби на очај и безизлезност.

Наспроти ваквите обиди за опструкции кон градоначалникот Цветковски, тој сериозно гази од успех во успех преточен во дела кои што секојдневно го подобруваат животот на жителите на Лозово.

Она што е евидентно во резултатите од работата на градоначалникот Цветковски и неговиот посветен тим во општинската администрација е огромната посветеност на квалитетот на реализацијата на самите проекти кои што се нижат во редици од областа на капиталните инвестиции и инфраструктурата. Постојаната присутност на градоначалникот Цветковски на лице место со стручните служби е причина за квалитетната и експедитивна реализација на овие проекти чија што имплементација неминовно се соочува со разно разни предизвици на терен кои што градоначалникот и неговиот тим ги разрешуваат во континуитет.

Како свој одговор упатен пред се во јавноста за работите да бидат до крај јасни, градоначалникот споделува повеќе сегменти од реализацијата на ваквите проекти кои што во првата година од неговиот мандат ја видеа светлината на денот.

✍️Вака изгледа кога работиш во интерес на граѓаните…

⚠️За оние бегалците од Законот, кои коментираат од ветената земја без аргументи, пласираат лаѓи и споменуваат позиции кои не се предвидени во проектот(рабници(ивичњаци) ), зборува многу за тоа колку го познаваат проектот(воопшто не го познаваат), ќе споделам неколку факти:

✅Тампонирани се 400 метри нова површина

✅Асфалтирани се 400 метри нов асфалт

✅Изгребани се 200 метри стар,оштетен асфалт

✅Асфалтирани се 200 метри на гребаниот дел

✅Патот е со ширина од 3 метри

✅Банкина од двете страни на асфалтот(и ригола на потребните места)

✅Се работи на одводнување со каналетки на двете страни со цел заштита на овој пат од порој(два различни модели согласно потребите)

✅Поставени се цевки за испуст на Гуземелска река

✅На испустот, кој е поставен на Ѓуземелска река ќе биде бетониран усисен и испусен дел за заштита на насипот

п.с. Пред вистината и боговите молчат🫶

-пренесе градоначалникот на Лозово Бошко Цветковски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com