БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Еден од проектите кои во Делчево се ветуваат и за кои се дава отчет со години наназад, а тој има само камен темелник од неодамна е следниот

Пренеси го гласот

Народот од нашиот крај има една специфична изрека за луѓе кои тешко “палат”.

“Турни ме да кинисам” е изрека- дел од народниот фолклор која што во себе содржи една специфична човечка карактеристика која многумина научници се уиште до крај ја немаат дефинирано.

Фабриката за вода која што градоначалникот на Делчево во 2017 година ја ветуваше со рок на реализација до 2020 година е проект за кој совршено важи оваа изрека- “Турни ме да кинисам”.

И денеска 10.11.2022 година овој проект повторно се најде во отчетот на градоначалникот Горан Трајковски насловен (случајно или не) “Една година локална власт 2021-2022”.

Значи ова не Отчет за реализирани проекти, не е отчет за започнати проекти туку е “ОТЧЕТ Една година локална власт 2021-2022”

Ако беше Отчет за реализирани проекти веројатно доминантно место во овој т.н. отчет ќе завземеше репрезентативната фонтана која ги чини граѓаните на Делчево над 2 милиони денари само за изградба (плус дополнително пари за проектирање, ревизија и надзор) од општинскиот Буџет изградена во време на огромна општа криза во Делчево и државата.

Нејсе. Ова е дебата која не им одговара на партиските ракоплескачи и нивните водачи кои се на власт во Делчево, во јавност па затоа во овој текст ќе се посветам само на фабриката за вода која што е еден од најзначајните проекти за чија што реализација со секој изминат ден губат жителите на Делчево.

Од тие причини потребно е сериозна посветеност и интензивирање на работите поврзани со самиот овој објект но и со промената на азбестните цевки кои доколку не се променат ќе треба да се приклучат на оваа филтер станица.

За ваква сериозна посветеност потребно е конкретизација и менаџмент од сите надлежни во периодот што претстои се со цел жителите на Делчево да добијат задоволувачка количина на поквалитетна вода за пиење од јавниот систем за водоснабдување.

Во продолжение давам само кратка генеза за досегашните клучни моменти од реализацијата на овој проект започнат да се планира за реализација уште во далечната 2010 година:


-Во 2017 актуелниот сегашен градоначалник ветува изградба на фабрика за вода со рок на реализација до 2020 година- ЛАЖЕ!
-Во 2020 година дава Отчет дека проектот кој се однесува на фабриката за вода е во тек!
-Во 2021 година повторно ја ветува оваа фабрика за прочистување на вода со рок на реализација во 2022 година- ЛАЖЕ
-Во 2022 година повторно дава отчет дека проектот е во тек.

Вистината е дека пред само неколку денови беше поставен камен темелник на овој објект кој според најавите треба да се гради уште цели 2 години.

Уште колку пати градоначалникот ќе го вклучи овој проект во својот Отчет после 5 години владеење во Делчево?

Пишува: Кирчо Анастасов

Насловната фото на овој текст е превземена од www.delcevo.gov.mk

Креирано од:


Пренеси го гласот