Потребни состојки:
– 230 милилитри полномасно млеко
– 170 милилитри засладено кондензирано млеко
– 900 милилитри свежо подготвено филтер кафе
– Цимет во прав
Млекото се става во микробранова и се остава да се загрее додека не се појавуват мали меурчиња по работ на чашата, конкретно околу 1-2 минути. Поделете го кондензираното млеко во 4 шолји за кафе, и врз него сипете го кафето.
Загреаното млеко рачно се мати за да се добие потребната пена. Како што таа ќе се подигнува, се вади со лажицата и се става во чашите со кафе. Млекото што останува нема да ви биде потребно. Испрскајте со цимет за дополнително совршен вкус.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
КИЦ СКОПЈЕ РАСПИША KОНКУРС ЗА ЛИКОВНА ДЕЈНОСТ
Предупредување од пет зборови што сопругот ѝ го упатил на сопругата додека таа го снимала како пука во неа откако дознал за нејзината афера