Наредниот викенд во Куманово ќе се одржи убав настан посветен на Шарпланинецот. Станува збор за Меморијалот “Владимир Крстевски” 2023 на кој што во сабота 11.11.2023 година ќе се реализира Советување/Семинар на кој што ќе се дебатира за една од најблагородните раси на кучиња- Шарпланинецот.
Со почеток во 17:00 часот (во салата над ресторан Кобра), ќе биде одржано едукативно предавање на тема Шарпланинец од страна на двајца експерти на темата.
Предавањето насловено: “Шарпланинец – Историја Стандард Анатомија и Реалност” ќе го презентира меѓународениот кинолошки судија Габриел Стибел.
Второто предавање на тема ”Наследување, методи на одгледување, наследни болести”, ќе биде презентирано од страна на меѓународениот кинолошкиот судија и Претседател на СС при КСМ, Панче Дамески.
Наредниот ден во неделат 12.11.2023 година ќе се одржи Специјализирана изложба на Шарпланинци на која што судии ќе бидат Миле Алексовски од МАкедонија и Полина Симиќ од Србија.
Настанот е организиран под закрила на Кинолошкиот Сојуз на МАкедонија
“Почитувани сопственици и љубители на Шарпланинецот, ве покануваме на Меморијал “Владимир Крстевски” 2023 кој се одржува во Куманово ![]()
𝟭𝟮.𝟭𝟭.𝟮𝟬𝟮𝟯 – Специјализирана изложба за Шарпланинци
Судии: Миле Алексовски
и Polina Simic ![]()
Линк за пријава: https://ksm.org.mk/?page_id=3164
𝟭𝟭.𝟭𝟭.𝟮𝟬𝟮𝟯 – Советување/Семинар”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Имаме големи планови за изградба на нови експресни патишта, меѓу кои и нов експресен пат од Кочани до граница со Бугарија
Драган Ковачки: Вечна му слава на Претседателот Борис Трајковски
Објава за изгубен Родовник