На интернет случајно пронајдовме едно несокојдневно музичко доживување, кое веднаш ја зароби фантазијата, возбудата и љубопитноста. Станува збор за видео запис на песната “Пердонами” на скопјанецот Мохамет Ибрахими.
Ова лирско дело што всушност е сингл од претстојниот албум на гитаристот и мандолинист, претставува вистинско изненадување и огромна свежина на музичката сцена каква што треба да биде во Македонија.

За во петок на 23-ти овој месец најавено е слушачка промоција на албумот во скопскиот клуб Винил. Изданието е направено под закрила на ПМГ рекордингс.
Очекуваме албумот да биде пуштен што е можно побрзо во продашба во сите комерцијални продавници ширум Македонија!
Дотогаш подгответе се за едно поинакво музичко доживување…


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
OI-Панк-Рок бендот “Последен удар” со нов сингл го најавија снимањето на новиот албум
Симона Поповска со „Бели ноќи“ преку моќна лирика и впечатлив визуелен концепт ја раскажува приказната за љубовта
БОЈАНА СКЕНДЕРОВСКИ го најавува својот ПРВ СОЛИСТИЧКИ КОНЦЕРТ „БЕСМРТНА“