Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ во Македонскиот парламент со своја прес конференција ги разобличи напорите на СДСМ да се отплеткаат од мрежата за прислушкување на Премиерот Мицкоски додека беше предводник на опозицијата против ненародната власт на СДСМ и ДУИ но и новинари и бизнисмени кои што не “играле” според “музиката” на СДСМ и ДУИ.
“СДС се заплетка и призна дека го прислушкувале и следеле претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени.
СДС најпрво тврдеше дека не прислушкувале, ниту следеле, за да сега ја свртат приказната за 180 степени и низ глупи тези да наметнуваат наратив за содржината на материјалите.
СДС призна две работи.
Прво, дека го следеле и прислушкувале претседателот Мицкоски.
Второ, дека иако го следеле и прислушкувале 5 години, не нашле ништо спорно ниту противзаконски, а да имало одамна ќе отвореле постапка.
СДС со ова признание го даде најголемиот доказ дека целиот државен апарат бил ставен во функција на тоа тие да опстанат што подолго на власт.
ЈО не смее да молчи очекуваме акција и разрешница.”
-рече на прес конференцијата пратеникот Бране Петрушевски.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Новото раководство на Комората оствари средба со министерот за здравство
Одбележан патрониот празник на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари
Предложен притвор за вработен во ДЗС осомничен за поткуп