Денеска одговарајки на новинарско прашање Кирчо Анастасов од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево упати порака до локалните власти во Делчево за да донираат од општинскиот Буџет 60.000 денари за Општинската Организација на Црвен Крст во Делчево. Со овие финансиски сретства опозицијата во Делчево бара Црвениот Крст од Делчево да помогне на оние делчевчани и делчевски семејства кои што имаат навистина потреба од ваквата помош.
Овој предлог доаѓа по одобрената донацијата за струмички Глобал во износ од 60.000 денари од Буџетот на граѓаните на Општина Делчево која што се реализира со Одлука на Советот на Општина Делчево за која што гласаа советниците од владеачкото мнозинство предводено од СДСМ.
“Разбирливо е да се помогне на луѓе во неволја, од таа причина во ред е што тоа е направено на таков начин. Не ја разбирам потребата сиромашна општина како општина Делчево да помага на побогата општина како што е општина Струмица, затоа што знаеме дека во општина Делчево и пошироко во целиот источен регион луѓе живеат во сиромаштија каде што овие пари можеби многу подобро би го подобриле животот на луѓето кои што немаат пари да преживеат. Од таа причина апелирам до советот на Општина Делчево и до Градоначалникот на Општина Делчево да донираат на општинската организација на Црвен крст од Делчево, 60.000 за да помогнат на луѓе на кои што навистина оваа помош им е потребна.”
-предложи Кирчо Анастасов од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево.