Делегација на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево денеска се поклони пред ликот и делото и оддаде почит на Македонскиот идеолог и револуционер Гоце Делчев.
Денеска повеќе од било кога Македонскиот народ и Делчевчани имаат потреба од обединување и заедништво, идеали за кои што говорел и се борел Гоце Делчев чиј што роденден денеска го чествуваме.
Наша должност како горди следбеници на неговите идеали е да се спротивставиме на поделбите преку кои се внесува немир и штета во секојдневниот живот на нашите сограѓани.Само обединети како Македонци можеме да опстоиме наспроти актуелните негаторски политики на домашните и странските политички фактори кои заговараат бришење на се што е Македонско.
Нека е вечен споменот и делото на Гоце Делчев чие што име гордо го носи нашиот град Делчево.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
31 годишен жител на Кочани се заканувал на својот сосед и неговото семејство
Во Кочани: Го пуштил своето куче на улица кое нападнало две женски лица
Ученици од Кајсери Турција, во рамки на Еразмус + програмата во посета на Пробиштип