БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

По кој основ претседателот на СДС Лозово (поранешен градоначалник) добива финансиска сума од околу 400 евра месечно од АВРМ?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Лозово Бошко Цветковски во јавноста преку своја пишана реакција упатена преку социјалните мрежи се обрати со повеќе прашања до повеќе институции во општината и во државата, во врска со финансиските исплати на Регионалниот центар за вработување на Република Македонија од околу 400 евра месечно на име на Ацо Велковски.

“За нештата да бидат појасни и за да доловиме во каква држава живееме, би сакал да споделам јавно некои факти:

👉Од јавниот листинг на исплати кои се извршени од страна на АВРМ Центар за Вработување СВ.Николе, јасно се гледа дека Ацо Велковски, поранешен Градоначалник на Општина Лозово и Актуелен Претседател на ООСДС Лозово во континуитет добива финансиска сума која се движи во рамките на 400 евра месечно во денарска против вредност.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

🫵Па би сакале јавно да ја прашаме Агенција за вработување на РСМ / Agjencia për punsim e RMV, каква мерка користи ова лице⁉️

⭕️Иако има законска обврска да се пријавува ЛИЧНО, дали ова не важи за партиските функционери од власта ⁉️

🫵Го повикуваме директорот на АВРМ, Bekim Murati , да изврши проверка во делот на она кој го пријавува ова лице и дали и овој месец истото е пријавено, иако општо познато е дека е надвор од државата?(има видео надзор,може да се провери)

⚠️Дали и кој прави криминал во конкретниот случај на товар на БУЏЕТОТ на Република Македонија?

🫵Ја повикуваме Царинската управа на Република Македонија, Царинска управа/Drejtoria e Doganave и директорот на Slavica Kutirovда провери дали ова лице било присутно во државата во деновите кога истото е пријавувано во АВРМ Центар за Вработување СВ.Николе‼️

🫵Го повикуваме Основното Јавно Обвинителство Основно Јавно Обвинителство за Гонење Организиран Криминал и Корупција да постапи по конкретниот случај!

🫵Го повикуваме Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme и Министерот Oliver Spasovski да се одважи и да поведе истрага‼️

👉Ја повикуваме Германска Амбасада да изврши проверка дали, какви мерки и со каков пасош овој функционер на СДС во периодот од 2017-2021 година користел во нивната држава, додека истиот бил Градоначалник на Општина во Република Македонија и дали во моментот користи некакви мерки во двете држави⁉️
(Дали е вработен таму?Дали користи социјална помош? Дали има семејна фирма? Дали црпи финансиски средства истовремено од двете држави?!)

👮‍♂️👨‍⚖️Дали ќе одговара некој за злоупотреба или ова треба да е вообичаена пракса⁉️

п.с. Европо,чекај не‼️

-стои во пишаната реакција на градоначалникот на општина Лозово Бошко Цветковски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace