По обилните снежни врнежи кои започнаа во текот на вечерните часови, утрово КЈП „Водовод“ – Кочани интервенираше на терен со расчистување на улиците и тротоарите според приоритетите, согласно Програмата за зимско одржување којашто е делигирана како обврска на комуналното претпријатие.
КЈП „Водовод“ на терен интервенираше со два трактори и машина за чистење на снег, трактор со сеалка и нож, дванаесет метачи кои ги расчистуваа тротоарите, а беа употребени и пет тони сол и осум метри кубни песок кои беа расфрлани на сообраќајниците. КЈП „Водовод“ останува на терен во текот на вечерта и утрешниот ден, кога се најавуваат нови врнежи на снег.
Истовремено избраниот економски оператор „Калина“ Дооел ангажирана од Општина Кочани ги расчистува и патиштата кон кочанските рурални и ридско-планинските терени.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Делчево не може да ги исплати постојните плати и надоместоци а градоначалникот вработува нови лица на платен список во предизборна година
Општина Делчево со блокирана сметка од 2008 година, неостварени приходи од комунални такси и надоместоци и продаден имот од јавен интерес
Градоначалниците на Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево потпишаа договор за преземањето и третманот на комуналниот отпад на Градската депонија во Кочани