Во однос на хидролошката состојба на територијата на цела држава моментално се случува национална катастрофа. По екстремно поразителната и лоша состојба на вештачките езера во однос на водостојот и нивното пресушување, се влошува и тоа веќе подолго време наназад и состојбата со водостојот во природните езера.
Преспанското езеро е во исклучително лоша состојба неколку години наназад а веќе повозрасните граѓани кои гравитираат околу брегот на ова езеро истото не можат да го препознаат. Повлекувањето на водата кон езерото е со одамна подигнат аларм за познавачите на хидро-геолошките услови, а се чини дека само надлежната власт го игнорира овој проблем, што поради неспособност, што поради незаинтересираност за решавање на проблемот.
Дополнително наглото празнење на нивото во природните акумулации индиректно влијае врз хидолошките состојби како во атмосферата така и во нивото на подземните води.
Овој своевиден систем на природно врзани садови е со нарушен баланс првично токму поради наглото празнење на вештачките акумулации а потоа и поради негрижата на фондот за води од страна на надлежните за следење и стратешко планирање на превентивните активности за надминување на состојбите.
Денеска со своја политичка изјава од брегот на Преспанското езеро излезе во јавноста Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ кој ги алармира граѓаните за целосната неспособност и незаинтересираност за превенција и решавање на овој проблем кој што е присутен моментално како резултат на апашкото работење на надлежните органи кои неконтролирано поради производство на електрична енергија го девастираа постоењето на вештачките акумулации.
Во продолжение во целост погледнете ја изјавата на Цветан Трипуновски, која треба да ги замисли сите граѓани на Република Македонија за овој евидентен проблем:

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“