Во саботата (16.08.2025) околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека во реката Вардар во Скопје, под мостот на ул. “Војвода Васил Чакаларов” има женско лице. Од страна на полициски службеници од ПС Карпош веднаш е постапено по пријавата и по пристигнување на местото на настанот, било утврдено дека лицето дава знаци на живот и од страна на полициските службеници жената е извадена од реката, по што со Итна медицинска помош е пренесена во Ургентен центар при комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје за укажување на помош.
Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!