Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска во јавноста пренесе поразителни податоци во врска со образованието и писменоста на учениците.
“
Во математичка писменост од 58 држави, нашите ученици се на 44 место. Во природни науки сме три места подолу, односно на 47 место. ТИМСС тестирањето од 2023 година покажува дека се потребни крупни промени во образованието за да можат учениците да ги подобрат знаењата.
Затоа како нова Влада делуваме во сите сегменти на образованието, почнувајќи од основното, постепено и со консултација со сите засегнати чинители.
Најавивме и во се поголем број училишта реализираме продолжен престој во училиште, како можност за повеќе наставни и воннаставни активности, подобро совладување на материјалот, стекнување на нови вештини, развивање на интереси. Преку процесот на оптимизација, градиме ефикасна училишна мрежа која ќе доведе до најдобар успех на учениците со рационално користење на ресурсите. Го реформираме гимназиското образование, го прошируваме концептот на дуално образование и развиваме нови регионални центри за стручно образование и обука. Наставниците продолжуваат со сериозни обуки, затоа што тие се темелот на целиот воспитно-образовен систем.
Подобрување на резултатите на државата на меѓународните тестирања ќе дојде само како резултат на реално подобрување на квалитетот на целиот воспитно-образовен систем и на тоа континуирано работиме.”
-информираше Министерката Јаневска во врска со образованието во државата.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене