Денеска Премиерот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски зеде учество во конференцијата која е во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС) на тема „Одговорни институции преку зголемена транспарентност и политичка комуникација“.
Пред почетокот на настанот Премиерот Мицкоски ги афирмираше неговиот и ставот на владата за зголеменото ниво на транспарентност, јавност и отчетност на сите нивоа на власта како насушна потреба за развој на целокупното општество.
“Тука сме да покажеме дека како Влада отчетноста и транспарентноста се наш приоритет, и така ќе продолжиме да функционираме.
Нормално веќе шести месец како Влада функционираме секогаш се трудиме да бидеме што е можно повеќе транспарентни. Јас секогаш се трудам да одговорам на сите прашања, нема прашања посакувани или непосакувани, туку секогаш кога сум бил прашан не сум избегнал ниту една тема. Се разбира дека постои простор за подобрување, секогаш постои простор да бидеме подобри. Но, ценам дека до сега покажавме еден поинаков квалитет, дека за нас нема вакви или такви прашања, вакви или такви медиуми, туку буквално како Влада се трудиме да дадеме одговор на секое прашање и на секој медиум кој што ќе допре до нас.
Така што уште еднаш да повторам, со ова наше присуство само го подржуваме сето ова за кое што и заменик Амбасадорот го говореше, но и за тоа кое што го кажав јас.”
-рече Премиерот Мицкоски за Македонската јавност.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кривична пријава за затворски полицаец, затекнат е при продажба на дрога додека бил на работа
Уметноста на Марина Убавкова пред делчевската публика: Движењето во просторот како база за интерактивен комплот на артистот, галеријата, публиката и општествената манифестација на реалноста
„ПКУ Херои“ го одржа вториот камп за деца со фенилкетонурија и нивните семејства