Деновиве сме сведоци на ново сеење магла од страна на некои медиуми дека се спрема мерка – зголемување на границата за пензионирање при што се повикуваат на препораки на извештаи на Светска банка и препорака од Фискалниот Совет.
Морам да напоменам дека со години наназад Република Македонија ги добива истите препораки затоа што економијата во овие последни години е во слободен пад.
Но, ги добива од неколку причини:
1. Зголемена сива економија (европскиот просек е 19-22%, кај нас е ≈40%).
2. Лошата демографска слика и иселувањето на младите.
3. Непланско земјоделие намалено производство на основни прехранбени производи и зголемен увоз.
4. Зголемен број на пушачи и лош амбиентален воздух што дополнително го оптеретуваат и здравствениот фонд.
5. Зголемување на расходите за социјални трансфери (злоупотреба на правата на социјална заштита).
6. Корупција на сите нивоа.
Сите овие индикатори се последица на лошо владеење кое ќе се промени, така што нема да дојде до зголемување на старосната граница, туки напротив, државата ќе се бори да се подобрат сите опфатени аспекти за да нема тешки последици, а тоа се гледа и од досегашната работа.
Дополнително се разгледуваат опции за доброволно продолжување на работниот век за оној кој смета дека не е доволно истрошен (нешто што претходно постоеше), опција за дополнителна/втора работа (за која сега не се плаќаат придонеси)
-фејсбук статус на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива по план, она што беше невозможно станува реалност
Кривина пријава за 19 годишен кочанчанец за полово вознемирување
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист