БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Со интерсекторска вклученост на сите релевантни чинители до намалени цени за подобар стандард и повеќе радост на граѓаните

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција Премиерот Христијан Мицкоски најави реализација на. досега невидена мерка за подобрување на стандардот на граѓаните преку намалување на цените на потрошувачката новогодишна кошничка на над 600 произвиди за домаќинствата.

Ваквата мерка следува како продолжение и своевидно усовршување (ценејки по квантитетот и квалитетот на опфатот на производи) на мерката за намалувањето на цените на есенската потрошувачка кошничка која успешно се имплементираше од страна на владата и надлежните органи во интерес на сите граѓани.

Согласно оваа нова мерка преку која граѓаните ќе можат да остварат значителна заштеда за своите семејни буџети ќе се намалат цените на над 600 производи во период од 15 декември 2024 година до 15 јануари 2025 година на полиците на сите маркети и продавници.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Позитивните ефекти од оваа мерка се далекусежни од повеќе аспекти:

-Повеќе пари во семејните буџети на секое семејство во државата за повеќе производи и потреби,

-Поголемо достоинство и поголема семејна хармонија за чествување на најпразничните денови во годината за сите граѓани,

-Автоматски постигање на поголемо ниво на раздвиженост на економијата, трговијата и диверзитетот на понуда на стоки од таргетираната потрошувачка новогодишна кошничка,

-Поголем стимул за домашното производство,

-Развој на интерсекторската соработка на институциите под будното око на премиерот, стопанството, трговијата и услужните дејности во интерес на јавното добро на сите граѓани.

Во рамки на денешната прес конференција Премиерот Мицкоски ја обзнани оваа значајна мерка, со особено значење истакнувајки ја соработката помеѓу сите заслужни субјекти за истата да стане реалност на радост на Македонските граѓани.

Во продолжение го пренесуваме интегрално целиот текст на прес конференцијата на Премиерот:

“Да ве поздравам како претставници на медиумите, да се заблагодарам еве што денеска сте овде со нас, на овој специјален настан. 

За нас претставува навистина голема чест и задоволство што денеска заедно со министерот за економија и труд, заедно со заменикот, директорот на Пазарниот инспекторат, со претставниците на Стопанските комори, што е многу важно, со претставниците на синдикатите, значи на едно исто место беа и работодавачите и работниците. Во присуство на производителите и дистрибутерите, повторно на едно исто место беа и производителите и дистрибутерите, направивме нешто што досега можеби никогаш не е направено, а тоа е дека сите заедно ние разговаравме извесен период и за време на тие разговори дојдовме до компромис во којшто сите страни се согласивме дека во периодот од 15-ти декември до 15-ти јануари цените на одредени производи, а тоа се повеќе од шестотини артикли, ќе бидат намалени и брендирани како што беше до сега, помалку трошоци повеќе за тебе, и се грижиме. Тоа е многу важно, бидејќи на тој начин ќе можат и граѓаните сето тоа да го препознаат. Нормално ова не е направено со интервентна мерка од страна на Владата, не е направено со ограничување на цените, туку е консензуално решение и поради тоа нема да има за ова казнување, се разбира, туку ќе има само мониторинг на тоа дали на сите тие производи ќе бидат залепени сите овие налепници за коишто зборуваме за да биде визибилно за граѓаните, за да можат тие да ги препознаат овие производи. И покрај овие еден месец дена колку што планираме сето ова да функционира беспрекорно, ќе повторам повеќе од 600 производи артикли, кои што се добиени по основ на консензус помеѓу сите овие страни за кои што зборував, очекувам и понатаму да продолжиме заеднички да бидеме општествено одговорни за овие тешки моменти, заеднички да работиме да помогнеме на македонските граѓани, на македонската економија, стандардот на македонските граѓани и на тој начин да има повеќе за секого. А ние како Влада да се грижиме, бидејќи тоа е многу важно затоа што оваа Влада од самиот почеток, еве веќе шести месец откако е избрана има за цел да се грижи за стандардот на граѓаните и државата генерално за да се вратиме на оние победнички патеки каде што и во суштина припаѓаме. 

Така што еве јас тука да сумирам, очекувам успешна акција, очекувам ниски цени во очи на новогодишните празници, и очекувам среќни граѓани и полна трпеза за време на празниците кои што следат.”

-рече Премиерот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска од Владата..

Креирано од:


Пренеси го гласот