БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Игор Здравковски: процесот за реформи во правосудството започна и нема враќање назад

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во текот на вчерашниот ден во Македонското собрание во врска со настанот за одбележување на 9 Декември-Меѓународниот ден за борба против корупцијата се реализираше панел дискусија под наслов „Клучни активности и предизвициво градење систем отпорен на корупција/заклучни согледувања и идни препораки“

Собранието во соработка со Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), беше своевидно упориште на политички и општествени чинители кои со цврста решеност упатија силни пораки за борба против корупцијата која е еден од базичните проблеми за развојот на државата. На настанот во големата сала се обрати Претседателот на Парламентот Африм Гаши, кој што во своето обраќање, истакна дека корупцијата останува голем предизвик за секое општество и држава и дека е неопходно преземање конкретни мерки.

„Ако корупцијата е болест, транспарентноста е единствениот начин на лекување. Развиваме нови дигитални системи кои ќе ја подобрат отчетноста. Создадовме нов регистар за НВО, платформа која претставува значаен исчекор за формирање и инклузивни политики. Можам да ве уверам дека ќе ја поддржам секоја иницијатива што спречува корупција“, рече претседателот на Собранието.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, рече дека заедно имаме моќ да изградиме општество во кое нема место за корупција и  каде што секој ќе има еднаква шанса за напредок.

„Од нашата посветеност и дејствување зависи нашата заедничка цел, успешна и одржлива борба против корупција.Борбата против корупција бара обединети сили и уверена сум дека заедно можеме да направиме вистински промени. Клучно за институциите е да работат во тесна соработка, посветеност и меѓуинституционална поддршка. Потребно е да се обединиме и да дејствуваме заедно  индиивидуално, институционално  и на сите нивоа на власт. Секој од нас има одговорност и моќ да создадеме општество ослободено од корупција“, рече претседателката на ДКСК.

Амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман посочи дека во Северна Македонија во текот на годините е постигнат одреден напредок, меѓутоа остануваат значителни чекори кои треба да се воведат.

„Корупцијата е таа која ја еродира довербата во јавните институции и ги подрива демократските процеси и вредности, така што стана моќен инструмент во рацете на оние кои што сакаат да ја загрозат демократијата. Борбата против корупцијата, како и нетолеранцијата на неказнивоста, бара долгорочна политичка заложба, силно водство и политичка храброст да се надминат пречките. Долгорочниот интерес треба да надвладее над краткорочните ситни приватни интереси како и желба граѓаните да бараат повеќе отчетност и казнивост за нештата. Борбата против корупцијата бара и соодветно следење и целосно реформирање за да можат институциите ефективно да  ги спроведуваат и применуваат контолните механизми“, додаде амбасадорката Улман.

Пред пратениците исто така се обрати Заменик амбасадорот на Европската Унија Бен Напнау.

„Корупцијата и понатаму е предизвик во С*%„‘) Македонија и длабоко влијае на економијата. Неколку влади повторно ја искажаа својата посветеност кон борбата против корупцијата, меѓутоа, многу малку се менува„, рече Наупнау во своето обраќање денеска во Собранието, повикувајќи на конкретни чекори за промена.

Во врска со овој настан во јавноста се обрати и пратеникот Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ преку социјалните мрежи:

“Со ова судство и обвинителство тешко, но процесот за реформи во правосудството започна и нема враќање назад, одлучно ќе одиме против злото кое ја донесе Македонија во оваа позиција.”

-напиша на фејсбук пратеникот Здравковски, што ги карактеризира основните заложби на целата пратеничка група за реформи во судско0обвинителскиот систем.

Проектот на УСАИД за партнерство против корупцијата и проектот „Заедници со интегритет“ е  финасисран од Владата на Швајцарија, имплементиран од Националниот Демократски Институт, со поддршка на Собранието на Република Северна Македонија.

Креирано од:


Пренеси го гласот