БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

После името, памперси за бебињата и вилици кои сами се смеат за старците, Македонија треба да има 5Г за да влезе во НАТО

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот


Државите кои се приклучуваат кон НАТО, како Македонија, мора да имаат безбеден начин на комуникација, изјави Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, во интервју за Српската редакција на Гласот на Америка.

„На пример, постојат стандарди кои мора да се исполнат кога е во прашање цивилната инфраструктура и телекомуникација, како што е 5Г. Тоа се однесува и на новите идни членки, како Македонија. Овие стандарди не се однесуваат на земјите кои не се членки, но, ние можеме да ги замолиме или да ги советуваме тоа да го направат“, изјави Столтенберг.

„Нашите воени операции и сили зависат од цивилната инфраструктура, од патишта, мостови, аеродроми и подводни телекомуникациски мрежи кои ги поврзуваат двете страни на Атлантикот. Неодамна ги обновивме основните барања за цивилна инфраструктура, кои опфаќаат 5Г технологија“, рече тој.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На прашањето зошто е важно НАТО да има отворена врата за малите држави, кои не се воено и безбедносно силни, Столтенберг рече:

„Кога нашите соседи се стабилни и ние сме безбедни. Кога тие ќе се приклучат кон НАТО, тогаш ќе станеме уште побезбедни“, изјави Столтеберг, нагласувајќи дека на тој начин ќе се обезбеди демократија, просперитет и мир за стотици милиони граѓани од Источна и Централна Европа.

Извор: Глас на Америка

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace