БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пратеничката Мира Стојчевска со директори, раководители и административци на состанок со Коста Петров во штабот на СДСМ во Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Се заострува политичкото екипирање на политичките субјекти во Делчево во очекување на претстојните Предвремени парламентарни избори на 12 април.

Експертот за маркетинг и односи со јавност кој што е актуелен како креатор на идејата со т.н 30 прашања за функционерите на СДСМ во Владата, Коста Петров деновиве беше на работен состанок во Општинската организација на СДСМ во Делчево.

Состанокот во партиското седиште на СДСМ со Потпретседателот Коста Петров веројатно е во функција на претстојните Предвремени парламентарни избори и пропагандните активности кои што овие раководни лица ќе треба во наредниот период да ги одработат за СДСМ пред изборите.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Од објавените фотографии од состанокот може да се забележат главните активисти на СДСМ во Делчево кои внимателно ги слушаат насоките на експертот за пропаганда Коста Петров.

Тука се Градоначалникот на Општина Делчево, Пратеничката во Македонскиот парламент Мира Стојчевска, директори, раководители, функционери, Советници на СДСМ, вработени во администрацијата и останати истакнати активисти.

Фото извор: СДСМ Делчево

Креирано од:


Пренеси го гласот