БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Наќе Чулев од Штип: Потребни се кристално чисти избори

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Техничкиот Министер за Внатрешни работи на Република Македонија, Наќе Чулев денеска оствари работна средба со вработените колеги (како што тој ги условува) од СВР Штип.

На средбите со официјалните лица на СВР Штип било разговарано за актуелните безбедносни состојби во кои како најочигледен е проблемот зо опожарувањето на возила на поединци во Брегалничкиот регион.

Од Штип пред своите колеги Наќе Чулев се заложи за организирање на кристално чисти мирни фер и демократски Предвремени парламентарни избори што е и основната негова функција.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението упатено до јавноста од страна на Министерот Чулев:

“Денес остварив работен состанок со колегите од СВР Штип.

На состанок разговаравме за актуелната безбебедносна состојба на ова подрачје.

Од нивна страна бев информиран за последните статистички текови. Вкупниот криминал во 2019 година бележи благ пад.

Но, за жал останува проблемот со опожарените возила кои се последица на едно време кое е минато во МВР. Ме информираа дека скоро во сите случаи, мотивите се исклучиво криминални. Во оваа насока ги охрабрив и поттикнав колегите активно да работат на расчистување на овој проблем кој предизвикува страв и несигурност кај граѓаните.

За Република Македонија 🇲🇰 и за сите нас, потребни се кристално чисти избори. Апелирав до нив за соработка и координација за обезбедубање фер, демократски и мирен изборен процес. Ги информирав за соработката со ОБСЕ преку која ќе ги едуцираме полициски службеници за препознавање и сузбивање криминал поврзан со изборните нерегуларности.”

Креирано од:


Пренеси го гласот