БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Техничките министри на ВМРО-ДПМНЕ имаат опструкции од страна на власта, но и покрај тоа ги вадат неправилностите на власта во јавност

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Попладнево Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски имаше свое гостување во дневникот на ТВ КАНАЛ 5 каде зборуваше за детали околу процесот за донесување на Законот за јавно обвинителство кој што е во собраниска процедура за негово донесување. Александар Николоски го истакна ставот на партијата со кој што во форма на забелешки по однос на текстот на законот ги имаат поднесено своите забелешки. Тоа се сличните забелешки кои што експертската фела ги соопшти и во рамки на јавната расправа по однос на текстот на законот и од прифаќањето на ваквите забелешки ќе зависи и поддршката на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во однос на законот.

Николоски го истакна и проблематичниот однос на ресорните министерства каде од ВМРО-ДПМНЕ се именувани Министри и заменици министри според моделот на техничката влада каде се опструира работата на кадрите именувани од ВМРО-ДПМНЕ од страна на контролни структури поставени од СДСМ во изминатите 3 години. Но и покрај овие инструкции Министрите и Заменик Министрите на ВМРО-ДПМНЕ успеваат секојдневно да реагираат во насока на сузбивање на девијантните и криминогени процеси наметнати од претставниците на владеачката СДСМ во овие министерства.

Во текот на разговорот Александар Николоски ја објави и веста дека тој како претставник на ВМРО-ДПМНЕ е поканет на Молитвениот појадок во Белата куќа во Вашингтон под покровителство на Претседателот на САД, Доналд Трамп, каде ќе има средби и можност за лобирање и афирмација на Македонија кај своите пријатели како од САД така и ширум светот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ја имам честа следната недела да бидам поканет на молитвениот појадок кој го организира претседателот на САД, Доналд Трамп и така што во Вашингтон ќе ја имам таа ретка можност да присуствувам на молитвениот појадок, да се сретнам со бројни светски лидери и да размениме мислење. Ова е потврда за политиките на ВМРО-ДПМНЕ кој што отсекогаш биле и остануваат насочени кон тесна соработка со САД,

-истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вестите на Канал 5.

Тој во вестите зборуваше за следните активноста на ВМРО-ДПМНЕ при што посочи дека партијата е посветена на подготовка на програмата бидејќи сака да има квалитетни програми и проекти и истакна дека се поизвесна е победата на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори.

Во продолжение погледнете го неговото кратко интервју во вестите на ТВ КАНАЛ 5.

Креирано од:


Пренеси го гласот