После толку многу премрежја, после една долготрајна голгота на Македонските бранители, после подолг период еден официјален претставник на Македонските институции, седна на разговор со претставници на здружението на бранители ‘Бедем’ во Штип.
Без помпезности, Министерот за Внатрешни работи на Република Македонија Наќе Чулев оствари работна средба со претставниците на “Бедем” од кој што состанок Министерот ја истакна важноста и значењето на овие наши сограѓани, но притоа ја констатираше неповолната состојба и игнорантскиот однос од страна на претходното раководство на МВР кон нив.
Во продолжение во целос го пренесуваме краткото соопштение упатено до јавноста од оваа средба од страна на Министерот Чулев:
“Бранителите се важен дел од нашата држава, должни сме да ги почитуваме, да го одржиме сеќавањето за нив и да дадеме значење на нивната жртва.
Денес остварив пријателска средба со здружението на бранители ‘Бедем’ во Штип. Ми се пожалија за игнорантскиот однос од страна на претходното раководство на МВР, однос каков што тие не заслужуваат.
Им ветив дека согласно моите ингеренции како министер за внатрешни работи ќе давам максимална поддршка на нивната работа и нивните активности.”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип
СОУ “М.М.Брицо” Делчево создава идни модни дизајнери кои што може од својата креативност да создадат бизнис