Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНе Игор Јанушев, денеска беше во теренска посета на жителите и стопанственици од Малешевијата во општините Берово и Пехчево.
Состојбата со стопанството и економијата во овие општини е повеќе од очајна а за другите сфери на општествено работење и живеење како што се здравството и образованието воопшто и не станува збор.
во продолжение во целост ја пренесуваме неговата реакција упатена во јавност во врска со овие лоши состојби во Беровско и Пехчевско:
“Денес сме во посета на Берово и Пехчево, се среќаваме со граѓаните, се среќаваме со бизнис заедницата, разговараме со сите во однос на нивните проблеми кои што се соочуваат во последните три години.
Бизнисот стагнира, економијата и финансиите се во една очајно лоша ситуација. Со земјоделието се случува истото, а да не зборуваме за здравството и образованието.
Она што граѓаните го гледаат, она што луѓето кои што живеат овде во Република Македонија и особено во овој регион на Берово и Пехчево гледаат една надеж, една светла точка во ВМРО-ДПМНЕ и она што можеме да го ветиме пред граѓаните дека со работа, работа и многу работа ќе ја донесеме после 12 Априла обновата во Република Македонија.”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВМРО-ДПМНЕ со честитка по повод денешниот празник
Честитка од Социјалистичката партија на Македонија по повод 24 Мај Денот на Св. Кирил и Методиј
Министерството за здравство ја започна постапката за донесување на нова Стратегија за сексуално и репродуктивно здравје 2026–2030