Повеќемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ денеска наместо во собрание денот го поминуваат пред зградата на Владата како дел од протестот против намерите за бугаризација на Македонија и Македонскиот народ од страна на Димитар Ковачевски.
“Продолжуваме.
НЕ за асимилација и бугаризација на Македонија!
Денеска пред Влада во 19.00 ч.
Ковачевски и Пендаровски, слушнете го гласот народот, попаметен е од сите вас.
Свесно одите на сила и ја поларизирате состојбата.”
-соопшти утрово пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
“Под сонце, за Земјата на Сонцето!”
-напиша на фејсбук пратеничката Дафина Стојаноска.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија