БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пратеникот Апасиев се сретна со претставници на раководството на Сојузот на синдикати

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пратеникот Димитар Апасиев, како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, оствари средба со претставници на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), меѓу кои и претседателот на оваа Организација, Слободан Трендафилов.

Можностите за унапредување на правата и стандардот на работниците беа во фокусот на дискусијата, при што стана збор и за евентуални интервенции во закони кои ја покриваат оваа област.

Пратеникот Апасиев и претставниците на ССМ разменија мислења околу Законот за работни односи, во насока на предвидување исплата на патни трошоци за вработените.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Исто така, беа разменети мислења и околу потрошувачката кошничка и за очекуваното зголемување на минималната плата, со цел подигање на стандардот на работниците.

Неодамна раководството на Сојузот на синдикати на Македонија организираше протести за покачување на платата на вработени во јавниот сектор, што од владата беше оквалификувано како неодговорен однос кон синдикализмот чија што последна мерка треба да биде протестот откако сите други демократски алатки ќе бидат исцрпени.

Креирано од:


Пренеси го гласот