БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

За потребата од вистинска иновација на идеите, процесите и нивната креативна материјализација наспроти ефектите на нивна комерцијализација

Пренеси го гласот

Вистинска иновација и креативност не паѓа од небо. За создавање на одредена општествена манифестација во јавност било тоа да е материјален или нематеријален производ на еден поединец или организирана група на индивидуи, потребно е многу минат труд и искуство минати низ долготраен процес на анализа и синтеза во еден циркуларен процес на духовен раст на единката или групата. Ваквата премиса треба да ја имаат предвид сите одговорни чинители во едно општествено симбиотско кредо на постоење најмногу поради потребата од себе одржливост и долгорочно идентитетско постоење.

На кој начин традицијата и оригиналноста на постоењето на еден етнолошки простор може успешно да се одржува на “ачик” на целиот свет, особено во простор како што е Балканот е комплексно прашање за чии одговори треба да нурнеме длабоко во суштината на Македонскиот идентитет и вековно постоење.

Во тој контекст во продолжение на овој текст ќе се обидам да го загатнам прашањето дали оригиналноста и иновативноста смеат да биде предмет на чист концепт на комерцијализација?

Вистинската креативност родена низ интензивен процес на имагинација, во себе содржи потенцијал за да го менува светот на подобро и е основен двигател на развојот на едно општество. Ретки се луѓето со капацитет на вистинска креативност кои што гледаат визионерски многу чекори понапред од сите други, за да создадат околности на предвидливост на општествените процеси во сите сфери, без притоа да се загуби нуклеусот на својот идентитет и постоење низ еден поодолг временски период во историјата на определен геогравски простор.

Но во идејата за унапредување на оригиналноста на вистинската креативност и иновација во јавниот сектор во едно општество, општеството мора да поведе сметка за извршната применливост на оригиналните идеи во поширок контекст. И овде се раѓа потребата од комерцијализација на оригиналните идеи и иновативни содржини за нивна адекватна применливост на еден поширок општествен контекст.

Оттука насушна е потребата од меинстрим (комерцијални принципи) и авангарда (оригиналност и имагинација) како две различни културолошко-општествени диспозиции на врамување на човечката мисла и труд.

Креативноста и иновативноста често започнуваат како чист израз на идеи, неврзани со потребата да се наметнат на одредена општествена слоевитост или да се генерира некаква добивка. Сепак, комерцијализацијата игра клучна улога во доближувањето на оригиналните идеи до пошироката публика, што ги прави достапни и обезбедува одржливост на креативниот процес. Тензијата помеѓу двете спротивставености може да се опише преку карактерни особености на истите на следниов начин:

а) Вистинска креативност и иновација

  • Водени од љубопитноста, страста и потрагата по нови идеи.
  • Често ги предизвикува постоечките норми и конвенции.
  • Не мора да се занимава со масовна привлечност или профитабилност.
  • Може да биде суров, нарушувачки и експериментален.
  • Може да се бори со финансирање или признавање во раните фази.

б) Комерцијализација

  • Се фокусира на правење на пазарните идеи да бидат профитабилни и мултипликативни.
  • Дава приоритет на привлечноста на публиката и побарувачката на потрошувачите.
  • Понекогаш може да ја ублажи оригиналноста во корист на масовна потрошувачка.
  • Обезбедува ресурси за иновациите да растат и да допрат до повеќе луѓе.
  • Може да доведе до стандардизација и повторување за финансиска стабилност.

За успешен процес на продор на оригиналните идеи и иновацијата потребно е изнаоѓање и воспоставување на систем за рамнотежа меѓу оригиналноста и комерцијализацијата.

Најуспешните и највлијателните идеи често наоѓаат рамнотежа помеѓу креативноста и комерцијализацијата. Некои креатори одбиваат да направат компромис и остануваат во состојба на своевидна изолирана авангарда, додека други ги прилагодуваат своите идеи за да одговараат на пазарот без да ја изгубат својата суштина. Вистинскиот предизвик е да се обезбеди комерцијализацијата да не ја лиши иновативноста од нејзината оригиналност и подлабока цел.

Која е вашата перспектива – дали мислите дека комерцијализацијата ја убива креативноста или помага да се оживеат креативните идеи? Дали комерцијализацијата што ја изискува определен глобален тренд може да ги уништи идентитетските гени на еден етнолошки простор?

Оригиналност и Комерцијализација во Македонски општествени рамки

Природата на денешниот животен тренд е во Македонија е брзо живеење, со остварување на краткотрајни вредности и придобивки кои на долги патеки внесуваат хаос, конфузија, конфликт и распад. Токму тој тренд е причина поради која Македонија е заглавена во магичен круг на нестабилност, во која доминира корупцијата, неказнивоста, криминалот и злоупотребите на политиката. Резултатот беше држава на “бандаш” со неможност да си ги плати трошоците кои ги имаат направено нејзините функционери, вклучително и недостиг на плати за вработените низ институциите на државата.

Коренот на проблемите во едно општество (вклучително и Македонското) започнува на интимно егзистенцијално ниво на духот и моралот на поединецот. Низ стеги на репресија, постојана несигурност, нестабилност и недостиг на предвидливост на животниот стандард единката може многу лесно да стане предмет на манипулација и потчинетост на ниво на духовно ропство кое што пополека може да прерасне во ропство по сите нишани на терминот и значењето што го носи.

Токму тука настанува криза на идентитетот на постоењето на една нација. Преку жестока супресија на идентитетот и волјата на поединецот се урнисува неговиот креативен потенцијал со што крајниот резултат е безлично општество без јасна слика за тоа каде се движи и од каде доаѓа. Тоа беше случај со експлицитните глобализаторски намери на либерално- левичарскиот политички апаратус на светско ниво чии што брутални пипци на потчинување на индивидуалната волја на поединецот, Македонските граѓани најдиректно ги почувствуваа. Таа приказна на јавна сцена засега доживеа катастрофален пораз во најстарата западна демократија на изборите во САД и доаѓање на власт на Доналд Трамп. Сликата претходно се преслика и во Македонија, кога на изборите на 8 мај ваквата неординарна за овие простори колективизација на Македонија доживеа убедлив пораз. Шокот беше преголем за левицата а грогираниот СДСМ ден денес не може да се поврати од тој нокаут.

Но она што недостасува со оглед на краткиот период на промената на власта е експлицитно дефинирана определба за афирмација на слободата на поединецот за остварување на вистински и реален креативен процес за придвижување на процесите и вредностите во функција на развојот. Државата треба да овозможи рамноправност, да биде искоренета штетната партизација, клиентелизмот и протекционизмот а позитивната афирмација на различностите да има примарно влијание во јавните политики. Со поттикнување на единката да се реализира себеси на полето на кое што е најдобар, секој граѓанин на Македонија треба и мора да биде повикан на одговорност пред лицето на историјата за да на најдобар начин посведочи на времето на неговото постоење. Така доаѓаме до право и правда, потреба од професионално судство, потреба од мерит систем на заслуги врз основа на минат труд и резултати на претходна работа… доаѓаме до потреба од вистински пристап кон образованието, моралот и меѓучовечките односи. Најдобрите да бидат стимулирани на соодветно наградени а оние кои каскаат по учинок и работа да добијат можност за нивна доквалификација и соодветна мотивација. Ваквата политика на индивидуални вредности да заживее подолг период за да после тој темелен момент на заздравување на системот за создавање вредности да може да биде планиран секторски развој на институционално ниво.

Ако како до сега продолжи трендот на уништување на поединецот и неговата волја за автентичен негов удел во развојот на неговата животна околина, системот само ќе се залажува дека прави нешто добро, кога во суштина кадарните поединци својот удел ќе си го наоѓаат некаде во странство, каде можеби нивната волја ќе биде несоодветно третирана но барем ќе заработуваат за еден достоинствен живот ослободен од стегите на системот кој создава и афирмира робови.

Креирано од:


Пренеси го гласот