БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

МВР во соработка со ОБСЕ отвори Мултимедијален центар за обука во Скопје

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска во Центарот за обука на МВР официјално го отворивме Мултимедијалниот центар за Обука реализиран во рамки на проектот Градење на хибриден образовен систем во Министерството за внатрешни работи на Македонија.

Центарот е резултат на заедничката соработка помеѓу мисијата на ОБСЕ во Скопје и МВР и претставува вистински чекор напред во модернизацијата на обуката и создавањето на услови за подобрување на вештините и знаењата на сите припадници на министерството за внатрешни работи преку интегрирање на иновативни хибридни и мултимедијални алатки за учење.

Проектот во вредност од околу 350.000 евра се имплементира низ повеќефазен пристап, со цел да се создаде одржлив хибриден образовен систем во МВР, во рамки на кој дваесет и три хибридни обучувачи, избрани преку постапка заснована на заслуги, поминаа низ програма за хибридни обуки од 10 модули, учејќи како да користат современи алатки за создавање и испорачување на обуки онлајн, на лице место и комбинирано. Девет теми односно обуки беа воспоставени како најпотребни и, оттогаш, хибридните обучувачи континуирано работат во тимови за да создадат сеопфатни, интерактивни обуки за секоја тема како што се: полициски интегритет, подово сензитивно полициско работење, гранично полициско работење, управување со стрес, полициско работење во заедницата, освежување на вештините за обучувачи, комуникациски вештини и финализирање на активностите преку основањето на мултимедијалниот центар.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Мултимедијалниот центар не е само нов објект туку е вистинска нова можност за развој и напредок бидејќи ќе биде место за континуирани обуки кои ќе ја подобрат ефективноста и професионалноста на сите вработени во Министерството за внатрешни работи.

-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace