БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пред 42 години Принцот Чарлс се ожени со Принцезата Дајана во венчавката на минатиот век

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во 2018 година светот беше фасциниран од венчавката на Принцот Хари и Меган Меркл во замокот во Виндзор во Велика Британија.

Во 2011 година кралското семејство ја прославуваше венчавката на постариот Принц Вилијам со Катрин Мидлтоун.

Враќајки се во 1981 година на денешен ден тогаш светот беше преокупиран со венчавката на Чарлс-Принцот од Велс и Лејди Дајана Спенсер-родителите на Вилијам и Хари.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Венчавката на векот се случи на денешен ден пред 42 години во Катедралата Св. Пол во Лондон. Тој ден Принцот Чарлс имаше 32 годиниа а Принцезата Дијана имаше само 20 години.

На конгрегацијата присуствуваа 3500 одбрани гости заедно со илјадниците посетители кои го поздравија младиот брачен пар на патот до катедралата.

По венчавката Чарлс и Дијана имаа доручек со 120 одбрани гости кои присуствуваа во Бакингамската палата.

На венчавката имало 27 свадбени торти, но официјалната торта била приготвена од Поморските воени сили на Велика Британија. Оваа торта заедно со нејзиниот дупликат (во случај да се оштети оригиналот) биле приготвувани цели 14 недели.

Преносот од венчавката бил проследен од 750 милиони гледачи на телевизиските екрани.

Принцот Вилијам е роден во 1982 година а Принцот Хари во 1984 година.

Венчалниот прстен на Принцезата Дајана сега е во сопствеништво на Катрин Мидлтон добиен како венчален прстен од постариот син на Дајана, Принцот Вилијам.

Чарлс и Дајана се разделија во 1992 а се разведоа во 1996 година.

“Принцезата на срцата” загина во сообраќајна незгода на 31-ви Август 1997 година.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace