БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Предизборно во Делчево ангажирани 25 лица со 9000 денари надоместок за наредните 9 месеци со финансии од УНДП и Швајцарската агенција за развој

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Општинската администрација во Делчево денеска се пофали си почеток на реализацијата на проектите “Социјални услуги за сите” и „Грижа за стари лица и лица со попреченост“ во кој што 25 лица во наредните 9 месеци ќе добиваат по 9000 денари за своите услуги со скратено работно време од 20 работни часови неделно, во рамки на активната програма Општинско-корисна работа која што е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување во 2021 година на АВРМ.

Проектот е финансиран од УНДП и Швајцарската агенција за развој, a во јавноста нема точни информации врз основа на кои критериуми се врши селекцијата на ангажираните лица освен тоа што тие треба да бидат во категоријата долгорочно невработени лица во АВРМ.

“Вкупниот буџет за проектот „Социјални услуги за сите“ изнесува 1.458.000,00 ден. од кои средства за плати обезбедени од УНДП во износ од 1.166.400,00 ден. и средства за данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест обезбедени од Општина Делчево во износ од 291.600,00 ден. Бројот на директни крајни корисници кај овој проект е 293 лица (стари лица и лица со пореченост, деца од претшколско образование, корисници на народна кујна).

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Кај проектот „Грижа за стари лица и лица со попреченост“ вкупниот буџет изнесува 567.000,00 ден.- средства обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка, со 36 крајни корисници (стари лица и лица со попреченост) и 7 ангажирани лица.”

-информираат од општина Делчево во врска со финансирањето на проектот

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace