БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Античкото воинствено племе Кодава од Индија верува дека се потомци на македонски војници од фалангата на Александар Македонски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во државата Карнатака во Индија во Кодагу регионот живее воинственото племе Кодава. Овој дел од Индија е еден од побогатите региони каде што природните геоморфолошки и богат природен диверзитет овозможува просперитет на неговите жители.

За себе веруваат дека потекнуваат од припадниците на Македонската фаланга која што под водство на Александар III Македонски поминала во овие краишта каде се формирале т.н. бракови на цивилизациите (Македонската и Индиската) со големи масовни венчавки и свадби. Некои од војниците во Македонската фаланга кои го придружувале најголемиот Македонски освојувач Александар се вдомиле во овие краишта, се ожениле со локални жени и оставиле свое потомство чии што потомци денес веруваат дека се токму припадниците на племето Кодава. Невообичаено припадниците на Кодава племето се повисоки по физички раст од останатите племиња во околните региони. Овие горди и особено карактерни луѓе веруваат во култот на своите претци како и култот на природата, произведуваат кафе, се занимаваат со сточарство и земјоделство, ја имаат својата специфична кујна со многу зачини, но не ги забораваат своите обичаи и својата воинственост.

Некои историчари тврдат дека припадниците на Кодава заедницата во југозападна Индија се Курди кои потекнуваат од курдските региони на средниот исток западна Азија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Кодава заедницата има свој посебен Coorg полк во индиската армија кои се познати по својата храброст и особени воени вештини.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace