БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва со свое гостување за отварање на новата сезона на “Заспиј ако можеш” на ТВ АЛФА

Пренеси го гласот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва со почеток во 22.30 часот на програмата на ТВ АЛФА ќе има свое гостување во првата епизода од третата сезона на емисијата “Заспиј ако можеш” со водителите Горан Момировски и Драхан Милосављевиќ.

“На тие што не чекаа со душа фала им од срце.
На тие што се надеваа дека ќе снемаме душа им благодариме за лошите мисли што не мотивираат.
На сите што не следат за добро и лошо им ветуваме искреност и борба за расчистување на сите аномалии во општеството.
На тие што крадат и прават криминал им препорачуваме да се подготват добро, за нив следува пекол.
Од вечерва во 22.30 трета сезона на ЗАСПИЈ АКО МОЖЕШ на Алфа ТВ.
#ЗаКогоАкоНеЗаМакедонија

-напишаа на страната на ТВ АЛФА во врска со почетокот на оваа нова сезона на емисијата која постојано ја бранува актуелната власт.

Креирано од:


Пренеси го гласот