На денешната прес конференција на владините портпароли во јавноста беа споделени заклучоците од 103-та седница на Владата при што одговараа и на прашања од интерес на јавноста.
На прес-конференцијата портпаролите истакнаа дека сè е подготвено за отпочнување на пописните активности на терен почнувајки од недела на 5 септември.
Портпаролот Душко Арсовски соопшти дека во сите комисии на 50-те пописни реони завршија обуките на реонските инструктори а потоа и на реонските попишувачи. Во деновите до недела, кога во 8 часот утрото попишувачите ќе излезат на терен, ќе се вршат дополнителни обуки, но и обиколка на пописните кругови со кои се задолжени попишувачите. До недела, секој попишувач, заедно со својот реонски инструктор ќе направи и план на движење низ пописниот круг а сè со цел ниту еден објект, ниту едно домаќинство да не остане неопфатено.
„Сигурни сме дека населението со доверба ќе ги прими попишувачите и ќе ги даде потребните податоци кои ќе овозможат подобра иднина за сите нас и за земјата во целина“, истакнаа портпаролите на Владата.
Од страна на иницијативата “Не отварам врата” денеска до Собранието ан Република МАкедонија доставија предлог иницијатива за одложување на пописот. КАко нивни аргументи се наведени тврдењата дека во услови на пандемија не постои можност за ефикасно спроведување на пописот при што податоците добиени од попишувањето ан анселението нема да бидат веродостојни.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
СДС и грижа за спортот?
Јаневска: Со постоење на лажните дипломи, оние кои реално се градат интелектуално во своето образование ја напуштаат државата
Средба на Македонски пратеници со Пол Мекарти и Џејмс Карафано