БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Авионот на Пабло Ескобар- тогаш и сега

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Солената морска вода покрај Бахамите се чини дека пополека го брише од морското дно потопениот авион на светски познатиот трговец со дрога Пабло Ескобар.

Овој воен авион од Втората светска војна кој бил во посед на Пабло Ескобар служел за криумчарење на наркотици од Колумбија во САД по воздушен коридор кој поминувал над најзапустените предели на просторот помеѓу двете држави.

Недалеку од Заливот на Норман- мал и тивок остров во Ексума регионот на Бахамите на дното на морската ширина лежи неподвижно немиот сведок и потсетник на некогаш турбулентното минато на овој предел. Овој остров е релативно непристапен и надвор од сите главни морски рути. Но и покрај тоа оние посетители кои што сепак можат да се снајдат да го посетат местово ќе наидат на кородираниот авион кој што бил еден од значајните ресурси на некогаш моќната нарко империја на Пабло Ескобар. Во 1978 година Карлос Ледер кој што бил еден од главните оперативци за криумчарење на наркотици на Пабло Ескобар, започнал да купува дел по дел од овој тропски остров. Откако откупил одредени парцели од островот со сила започнале луѓето на Ескобар да ги бркаат локалните жители на островот кој што бил користен како стратешка точка при нивните операции за криумчарење на дрога во САД од Колумбија. На островот господарот на дрогата дури изградил своевидна тврдина која што била штитена од вооружена гарда и тренирани јуришни кучиња по само неколку месеци од загосподарувањето на островот. Притоа била изградена од нивна страна и авионска писта и радарски центар со кој што го контролирале небото над овој простор.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Но оваа писта колку и да била голема сепак била премала за овој авион кој што во 1980 година ја промашил и се закотвил на морското дно во близина на заливот.

Операциите поврзани со криумчарењето на дрога за ова место завршиле во 1982 година кога американските власти ја завзеле оваа база во поддршка на властите на Бахамите.

За многумина авантуристи доаѓањето до самата локација е значителен предизвик, носејки го со себе чувството дека имаат можност да бидат дел од приказната за светскиот најозлогласен трговец со дрога.

Моментално не постои директна комерцијална авионска врска со овој остров кој што е отворен за туристи но само преку споредни чартер летови.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace