БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Премиерот Ковачевски се гордее со тоа што странци ни даваат помош

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Премиерот на Македонија Димитар Ковачевски во јавноста се фали и тоа во функција на себе промоција за собирање на ситни политички поени со тоа што успеале како власт да добијат помош од надвор. Неспособноста на алктуелната влада да ги менаџира економските состојби во државата одат дотаму што првиот човек на владата се радува ко мало дете што еве некој од Европа дал финансиска помош за народот во оваа држава.

За ваквата состојба своја реакција во јавноста упати поранешниот премиер на Република Мaкедонија Никола Груевски:

“Со што се гордееме?

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Водачите ги диктираат вредностите преку својата работа, однесување и вредности. И преку она на што се многу горди. Каква култура на живеење, размислување и работа диктира власта секојдневно преку мас медиумите, поголем дел од луѓето барем делумно и најчесто несвесно го следат и копираат тоа! Ако успехот, гордоста, активностите и целите ти се донациите, на тоа ќе останеш и тој дух и вредности ќе ги наметнеш пошироко. Однадвор гледано тоа е слика на духовна јад и беда.

Убаво е што ЕУ ни дала грант. И порано ни има давано грантови. Го поздравувам тоа. Треба да сме благодарни.

Но, јас тоа никогаш не го сметав за голем наш успех или нешто со што треба да сум посебно горд и многу да се фалам како премиер, но и ние како нација. Прикладно ќе се заблагодаревме, ќе објавевме за да знае народот бидејќи тоа и самата ЕУ го бараше од нас заради градење на попозитивна слика за нив во Макеоднија. И тоа е сосема во ред.

Но, правењето безмалку рекламна кампања со спот, гордеење и големо фалење дека како држава сме добиле пари на подарок, за мене е незабележливо внесување на вредност на “просјачки дух” кај народот и дух и менталитет на роб.

Јас одбивам да прифатам мојот народ да живее со ропски менталитет и со колективна свест на питач. Не само што нагласено не изразував гордост и чуство на некаков неверојатен успех кога ни даваа грантови, туку признавам дека малку се чустував непријатно, иако истите многу ни беа многу важни, често и сами ги баравме, а понекогаш беа дел од некаква регионална помош, еден дел припаѓаше на нас, па само формално беше нашето барање.”

-стои во реакцијата на екс-премиерот Никола Груевски чиј што интегрален текст може да го погледнете на неговата фејсбук страница.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace