БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Прес на Блаже Станков за село Видовиште

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кандидатот за градоначалник на Зрновци од редовите на ВМРО ДПМНЕ Блаже Станков на прес конференција ги најави проектите предвидени во програмата за наредниот четиригодишен мандат што се однесуваат на селата Видовиште и Мородвис.

Асфалтирање на неколку улици во населбата Видовиште  како и изградба на локален полски пат  од место викано Гумења до место викано Друмот во должина од 800 метри. Изградба на бунар за вода  преку дупчење на една бушотина, како и целосна реконструкција на постојниот Дом на културата.  Ке се изградат и два моста за моторни возила на Видовишка река, истакна на прес конференција кандидатот за градоначалник на Зрновци од ВМРО ДПМНЕ БЛаже Станков.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Станков  истакна дека ќе ја поддржат секоја иницијатива за развој на селскиот и руралниот туризам во овие две населени места кои изобилуваат со природни реткости, археолошки локалитети како и цркви и манастири.  Во  Мородвис ќе се  изгради пат до археолошкиот локалитет Манастириште , а ќе се изврши и промена на кровната конструкција на Домот на културата во Мородвис, како и целосна модернизација на уличното осветлување.

Тој ја нагласи потребата од пробивање,тампонирање,планирање и валирање на два централни полски пата во двете населени места во општина Зрновци.

Прес ВМРО ДПМНЕ Зрновци

 

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace