БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Прес на СДСМ Кочани: Комисијата за здравство е стручна, со огромна доверба од граѓаните

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Интегрален текст на прес конференцијата на Општинската организација на СДСМ од Кочани во која третираат прашања поврзани со актуелните состојби во државата околу заразата со Ковит-19 и работата на Комисијата за заразни болести за која кажуваат дека е стручна и дека има огромна доверба кај граѓаnите:

“Игнорирањето на вирусот и негирањето дека истиот постои нема да помогне во надминување на состојбата и намалување на бројката на заразени. Секаде во светот, постојат истите мерки за заштита на населението и намалување на ширењето на заразата. Онаму каде резултатите се добри, се добри затоа што се почитуваат мерките и препораките на здравствените власти.

Почитувањето на мерките маска, дистанца, хигиена и дезинфекција остануваат единствениот начин, единствениот механизам со кој може да се заштитиме како поединци и како општество. Граѓаните кои се одговорни и доследно се придржуваат до мерките треба и мора да бидат пример за останатите. Рестрикциите и повторно затворање се непожелни и може да ги избегнеме само со многу дисциплинирано однесување и прифаќање на новите правила на однесување. Животот мора да продолжи и ние мора да функционираме нормално, почитувајќи ги мерките.
Комисијата е стручна, со огромна доверба од граѓаните, секој неоснован и политички напади кон неа ја попречува нејзината работа
Сите одлуки кои досега ги донесе оваа Комисија дадоа резултат затоа што беа епидемиолошки издржани, само и единствено во интерес на заштита на колективното здравје и ставање на епидемијата под контрола. Ниту една одлука или препораката на Комисијата не е неоснована и секоја се темели на претходна анализа на актуелната состојба.
Членовите на комисијата за заразни болести, кои се медицински лица, медицински работници кои во комисијата го даваат својот максимум секојдневно и покрај редовната прекумерна работа што ја имаат како лекари, епидемиолози, инфектолози во борбата со Ковид-19.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Сепак, граѓаните се најважниот дел од целокупниот државен систем. Влогот на граѓаните, нивната поддршка на институциите се клучни во справување со оваа и секоја друга кризна состојба која го погодува целото општество. Сите сме засегнати и како поединци и како држава и сите треба да придонесеме во решавање на проблемот.
Политизирање на состојбата, ставање на кризата со вирусот, во било каков друг контекст, освен здравјето на граѓаните, нема да помогне, а нападот врз Комисијата за заразни болести и нивно етикетирање дополнително им го отежнува работењето. Тоа е неодговорно однесување на ВМРО.ДПМНЕ и треба итно да престане.
Здравствениот систем е подготвен и организиран да се носи со новите заболени од коронавирусот

Апелираме до сите граѓани да ги почитуваат мерките за лична заштита, да ги почитуваат протоколите за движење и држење дистанца, ги повикувам надлежните да го контролираат поревносно почитувањето на мерките – тоа е начинот да го спречиме ширењето на вирусот и да се заштитиме.
Ви благодарам!”

ОО СДСМ Кочани

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace