Во точката број 5 од Дневниот ред на денешната седница на Судскиот Совет членовите на ова судско тело го разгледаа извештајот на Комисијата за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседатели на Виш управен суд, Основен суд Берово, Основен суд Делчево и Основен суд Крушево.
На седницата одржана денеска на 8 јули со која претседателствуваше Претседателката на Судскиот Совет Весна Дамева беше донесена одлука за објавување на оглас за избор на претседатели на Виш управен суд, Основен суд Берово, Основен суд Делчево и Основен суд Крушево и формирана е Комисија за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседатели на судови во состав:
– м-р Антоанета Димовска – претседател на Комисија,
– Сашко Георгиев – член на Комисија и
– м-р Селим Адеми – член на Комисија;
Притоа за јавноста од страна на Претседателката Дамова беше истакната лошата состојба во судкиот систем и беше наметната тезата дека основните судови во помалите градови треба да се укинат, алудирајки на Основните судови во Делчево Берови и Крушево, дека иако објавуваат оглас за избор на судии истиот ќе биде неуспешен поради недостигот на кандидати на судии кои може да се пријават на истиот.
Состојбата со судската пракса во крајниот исток на државата во Основните судови во Делчево и Берово е лоша со кадрови капацитети со години наназад, но проблемот привремено се решава со назначување на судии од други судови во овие градови.
“Судството во државата се соочува со колапс. Верувајте. Ние сите дискутираме, ова јавноста треба да го верува, на секој состанок ни е прво тоа: нема вработени, немасудии, нема претседатели и ние за овој оглас формално сега ќе ја спроведеме постапката. Јас се плашам дека повторно никој нема да се пријави. Нема судии од каде би можеле да се пријават. И на крај се сведуваме делегирани судии од едно во друго место да бидат ВД претседатели меѓутоа тоа не е решение, тоа е само колку да фигурира”
-изјави во рамки на самата седница Претседателката на Судски Совет Весна Дамева.
Членот на Судскиот Совет Сашко Георгиев се заложи за преиспитување на потребата за постоење на судови во помалите градови (како што се и Делчево и Берово).
“Крајно време е законодавната власт во овие реформи да ја преиспита судската мреѓѓа, односно оправданоста на постоењето на неколку мали судови во државата. Станува збор за некаде 7-8 судови каде што истите немаат судии а од друга страна уште помалку заинтересираност за некој да аплицира да се јави за претседател на судот”
-рече Сашко Георгиев- член на Судски Совет.
Укинувањето на овие судови за кое се залагаат членовите на Судскиот Совет на чело со претседателката Весна Дамева е ад хок решение кое може дополнително да ја влоши ситуацијата во однос на остварувањето на правата и правдата на граѓаните кои се уште живеат во овие градови во иднина.
За решавање на овој проблем е потребно државата да воспостави рамки за стимулирање и заштита на работата на судиите во судовите и кратење на сите непотребни трошоци кои што се на терет на судската власт а на грбот на граѓаните.
Како еден наивен предлог за решавање на проблемот со недостиг на судии во помалите градови како што ги нарекува Претседателката Весна Дамева можеме да препорачаме членовите на Судскиот совет како врвни правници доколку ги задоволуваат законските одредби за да станат судии да бидат назначени за судии во овие судови каде што има недостиг на кадар, со што привремено ќе се реши проблемот во интерес на потребите на граѓаните.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
СДС да се извини што лажеше за Кочани, опфатен е широк круг на луѓе под обвинение
Проширена истрагата на уште 13 полициски службеници од СВР Штип за пожарот во дискотеката во Кочани
Започнаа обуките за јакнење на мултисекторските тимови за спречување, заштита и поддршка на жртви од родово и семејно насилство