БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Претседателката Сиљановска Давкова се сретна со началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

На средбата, прва по стапувањето на функцијата, претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за тековните активности на Армијата во остварувањето на задачите за заштита на територијалниот интегритет и независноста, подготвеноста за исполнување на националните и на меѓународните обврски, придонесот во колективната самоодбрана, меѓународните операции и заштита на пошироките национални интереси.

Претседателката Сиљановска Давкова го изрази своето уверување дека македонската армија, како и досега, ќе продолжи со истата посветеност да ја исполнува својата уставна должност да го штити нашиот територијален интегритет и независност, а армиските припадници да продолжат да бидат пример за професионализам, дисциплина и посветеност, како што доликува на земја-членка на НАТО.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Претседателката Сиљановска Давкова ја истакна својата определба, како Врховен командант на вооружените сили, секогаш да дава поддршка за натамошно опремување и модернизација на Армијата и подобрување на условите за живот и работа на армиските припадници.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace