Македонската претседателката Гордана Сиљановска -Давкова во рамки на својата интензивна агенда во текот на вчерашниот ден се сретна со претставници на граѓанскиот сектор кои ги застапуваат интересите на воените ветерани и воени инвалиди.
На состанокот се зборувало селективната примена на законот за правата на припадниците на безбедносните сили и нивните семејства што за овие луѓе претставува институционална потешкотија во нивното секојдневие.
“Денеска во Народната канцеларија остварив средба со претставници на Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“.
Според нив, Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, од 2002 година, селективно се применува од страна на институциите на централно и локално ниво.
Поради тоа, тие се соочуваат со дискриминација во остварувањето на законски утврдените права врзани со вработувањето, напредувањето, бесплатните здравствени услуги и бесплатното факултетско образование за нивните деца.
Сметам дека укажувањата и забелешките на бранителите заслужуваат должно внимание од надлежните институции, како и почитување на еднаквата примена на законот за сите.
Придонесот на бранителите не смее да биде заборавен ниту занемарен, туку мора да се почитува и валоризира.”
-напиша на социјачните мрежи во врска со овој состанок Македонската претседателка.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист
Гордоста на Брегалничкиот регион- Ансамблот “Македонија” во Делчево ја покажа најсилната страна на Македонскиот идентитет
Вашето дете често се буди навечер? Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“!