БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Со нов модерен SCADA систем до значително подобрување на водоснабдувањето во Штип

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на ошштина Штип Иван Јорданов во изјава за медиумите го афирмираше проектот за инсталација и изградба на новиот SCADA систем за филтер станицата за водоснабдителниот систем за жителите на градот Штип.

Станува збор за комплексен и најмодерен систем со кој што ќе се надминат проблемите во водоснабдувањето што низ годините наназад го имаа штипјани, особено во летните месеци.

“… започнаа активностите за инсталација на современ SCADA систем во водоснабдителниот систем на Филтер Станицата во Штип, долгooчекуван проект кој претставува значаен чекор кон решавање на долгогодишните предизвици во управувањето со водоснабдувањето во нашиот град.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Со имплементацијата на овој напреден систем ќе се овозможи значително подобрување на контролата и мониторингот на работата на филтер станиците, како и навремено следење на состојбите во водоснабдителната мрежа. Преку софтверска интелигентна платформа, системот ќе обезбеди прецизно управување со процесите и брза реакција при евентуални отстапувања.

Една од најзначајните придобивки од воведувањето на SCADA системот е намалувањето на загубите на вода и спречувањето на неконтролираното користење и кражба на вода, појава која во изминатиот период предизвикуваше намален притисок во одредени населби. Со подобрената контрола ќе се обезбеди поефикасна и поправедна распределба на водните ресурси за сите граѓани.

Воедно, овој проект ќе придонесе и за подобрување на финансиската состојба на ЈП „Исар“, преку поефикасно управување со системот, намалување на загубите и оптимизација на оперативните трошоци.

Поради активности поврзани со имплементацијата на SCADA системот за управување и мониторинг на водоснабдителната мрежа, во текот на вечерните часови можни се повремени прекини во водоснабдувањето.

Општина Штип продолжува посветено да инвестира во модернизација на инфраструктурата и во проекти кои директно го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните, создавајќи поодржлив, поефикасен и посигурен систем за водоснабдување.”

-информираа од општина Штип во врска со реализацијата на овој значаен проект.

Креирано од:


Пренеси го гласот