БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Петрушевски: Со уставните измени се отвора пандорината кутија, а тоа им одговара само на Бугарија и на Филипче

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска на прес конференција пратеникот н ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски зборуваше за последиците од ставањето на бугарите во Уставот на Македонија.

“Со уставните измени се отвора пандорината кутија, а тоа им одговара само на Бугарија и на Филипче.

Капитулантскиот договор кој го потпиша власта на СДС кој е лош за Македонија а добар за Бугарија, е доказ за потчинетата дипломатија која ја водеа неуспешните и корумпирани политичари од минатата власт на СДС и ДУИ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Првиот чекор се уставни измени, а потоа би следеле национални и идентитетски отстапки, редефинирање на историјата и негирање на јазикот.

Сето ова за Филипче е прифатливо без доза на размислување.

Поради своите криминали потпишуваа погубни државни договори, само за да останат ден повеќе на власт.

И додека над 80% од граѓаните даваат поддршка на меѓународната политика на ВМРО-ДПМНЕ, специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче промовира наредби од Радев кои се косат со македонските интереси.

Поради ваквото однесување, СДС уште повеќе ја губи поддршката од граѓаните. Народот веќе еднаш ги казни, сега ќе ги докрајчи.”

-рече денеска на прес конференција Бране Петрушевски-пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Креирано од:


Пренеси го гласот